Еден од најдобрите фудбалери во светот, Лионел Меси призна дека често пати има проблем со неговата љубов кон храната.
Меси пред неколку години имаше вишок килограми што на крајот доведе до почести повреди и лоша сезона на Аргентинецот. Меѓутоа фудбалерот на Барселона успеа да се врати во вистинската форма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во разговор за шпанска „Марка“ Меси призна дека често пати има проблем со храната на која не може да и одолее. Аргентинецот вообичаено го достигнува она што ќе го означи како цел, но призна дека тоа не е случај кога во прашање е чоколадата.
„Чоколадата е нешто на кое тешко можам да одолеам. Многу работи околу исхраната морав малку да ги регулирам, но чокаладата и понатаму ќе биде мој проблем. Едноставно јас сум голем љубител на чоколадо, а посебно сега кога имам деца, со нив можам да јадам благи работи во текот на целата ноќ“, призна Меси.