Дома Македонски спорт И Даци верува во изненадување против Шпанија: Не невозможно и да победиме

И Даци верува во изненадување против Шпанија: Не невозможно и да победиме

Репрезентацијата на Македонија до 21 година за четири дена на 3-ти септември ќе игра против актуелниот младински европски шампион, Шпанија.

Македонија во првиот натпревар на гости во Шпанија изгуби со 3:0, а сега македонските надежи веруваат во изненадување во Скопје. Ердон Даци како и Никола Серафимов најавува добар натпревар. (изјавата на Серафимов тука).

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


„Не е невозможно да изненадиме. Сакаме да покажеме дека вредиме, знаеме и можеме нешто да направиме, па и да ја победиме Шпанија. Во фудбалот нема ништо невозможно, па и тоа да ја победиме Шпанија. Нè очекува добар меч, знаеме сите Шпанија каков квалитет е, имаат извонредни играчи, но и ние имаме добри играчи и ние се бориме за нешто, па верувам дека ќе биде добар и интересен меч. Спремни сме и јас верувам дека ќе направиме нешто добро“, изјави Даци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…