Македонскиот вицепрвак, Металург беше поразен во рамки на 4. коло од СЕХА лигата од Војводина со 19:21.
Војводина иако во криза од технички аспект, на теренот покажа сосема поинаква слика за себе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во текот на целиот меч, Металург се обидуваше да ја надополни негативата, која беше максимални 3 гола во 45. минута.
Но, она што дополнително го сруши Металург беа двете исклучувања во финишот на вториот дел кои го оневозможија да ја преземат предност и преку пресврт да стигнат до триумф во регионалното натпреварување.
Филип Кузмановски беше најпреизен во таборот на Червар со постигнати пет погодоци, додека во спротивниот табор тоа беше Вукашин Стојановиќ со постигнати шест погодоци.