Благодарение на низата правила поставени во Велика Британија, фудбалскиот натпревар трае 90 минути. Е сега, тоа може да бидат возбудливи 90 минути со многу напнатост, или досада која трае час и половина.
Дали воопшто некогаш сте се запрашале зошто точно 90 минути се игра еден фудбалски натпревар?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кога биле напишани првите фудбалски правила, натпреварите траеле два часа или 120 минути, а на терен екипите имале по 20 фудбалери. Две полувремиња од по еден час активна игра со една топка поделена помеѓу 40 играчи е навистина премногу, кога гледаме од оваа позаиција.
Тоа правило било изменето на натпреварот помеѓу Лондон и Шефилд во 1866 година, кога двата тима меѓусебно се договориле на терен да истрчаат со 11 играчи, и натпреварот да се игра 90 минути, односно едно полувреме по 45 минути, па на тој начин биле побиени правилата поставени на Кембриџ.
Од тогаш, па до денес – усвоен е стандард од 90 минути, што е универзално правило кое не важи само во некои земји и тоа за натпревари на младински екипи, каде полувремето може да трае само 30 минути.
Во правилникот на англиската Фудбалска асоцијација стои: Траењето на натпреварот е 90 минути, освен во специјални случаеви, каде траењето се продолжува за додатни 30 минути. Судијата го продолжува времето во склад со правилата на игра и неговата одлука не може да биде предмет на жалба.
Паузата помеѓу двете полувремиња е како што знаеме 15 минути, а двете екипи мораат да се вратат на терен 1 минута пред почетокот на второто полувреме.
Технички еден фудбалски натпревар готово секогаш трае повеќе од 90 минути, поради прекинот на играта, повредите, измените и слично, што е општо познат факт за сите љубители на оваа игра.