Дома Фудбал От Баерн веќе преговараат со Нојер за нов договор

От Баерн веќе преговараат со Нојер за нов договор

Раководството на Баерн Минхен одржало почетни разговори со претставници на Мануел Нојер во врска со продолжување на договорот на голманот, информира „Спорт 1“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сегашниот договор на голманот е до следното лето, но двете страни сакаат капитенот на Баварците да остане на „Алијанц Арена“. Предлогот ќе биде за едногодишен договор, но не се познати конкретните параметри на понудата.

Моментално Нојер е вториот најплатен играч на Баерн со плата од околу 21 милион евра, но постои можност предлогот да содржи одредено намалување на оваа сума.

Поранешниот германски репрезентативец последен пат го обнови договорот со шампионите на Бундеслигата во почетокот на февруари оваа година, кога исто така потпиша само за една сезона. Од почетокот на сезоната има одиграно 10 натпревари и во нив остварил четири чисти мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваков досега не сте го виделе: Нејмар збесна како никогаш претходно (Видео)

Нејмар е во центарот на вниманието поради бурната реакција. Како ПАМЕТНО да типувате на Wo…