
Двата фудбалски гиганта од Италија Интер и Милан сакаат заеднички да учествуваат во новиот проект NBA Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според информации од Италија, двата фудбалски големи имиња, односно нивните сопственици сакаат да бидат дел од проектот „NBA Европа“ за кој сѐ погласно се зборува и кој се заканува да ја загрози Евролигата.
Парите би биле вложени во Олимпија од Милано, а на таков чекор се одлучија инвестициските фондови што ги поседуваат росо-нерите и нера азурите, „Red Bird“ и „Oaktree“, а во сето тоа би учествувал и Армани.
„Милан и Интер сакаат да соработуваат со NBA околу тимот од овој град. Одлуката ќе биде донесена во наредните два месеца, открива италијанската „La Gazzetta dello Sport“.