Дома Останати Тенис Организаторите на турнирот во Париз испратија порака до Ѓоковиќ (Фото)

Организаторите на турнирот во Париз испратија порака до Ѓоковиќ (Фото)

Организаторите на Мастерсот во Париз му испратија порака на Новак Ѓоковиќ откако тој се откажа од овој турнир.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ѓоковиќ ја крена титулата во Париз седум пати, но оваа година тоа нема да се случи, бидејќи нема да настапи на овој турнир.

Новак одлучил да се фокусира на помал број натпревари и турнирот во Атина, за да не го оптоварува дополнително своето тело кое моментално не е во најдобра форма.

Од Париз не му го замерија тоа, барем според пораката која му е испратена на социјалните мрежи.

“Имаме неверојатни спомени со тебе. Се надеваме дека ќе те видиме следната година”, се вели во пораката до Новак на официјалниот профил на турнирот.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Македонските тенисери се пласираа во Втората светска група!

Машката тениска репрезентација на Македонија успешно ја оствари својата цел на турнирот од…