Дома Трансфер зона Зошто Перез го блокираше трансферот на Бејл во Кина?

Зошто Перез го блокираше трансферот на Бејл во Кина?

Герет Бејл се уште не го пронајде новиот клуб иако беше на чекор до трансфер во кинескиот Џиангсу Сунинг.

Велшанецот ги договори личните услови со кинескиот клуб и требаше да стане најплатениот фудбалер на светот, но се чини дека до тоа нема да дојде. Иако беше спремен да патува за Кина на крајот беше стопирана целата процедура од Реал Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шпанските медиуми утрово објавија дека главниот виновник за стопирање на трансферот е претседателот на Реал, Флорентино Перез. Иако во кралскиот клуб се обидуваат да го продадат Велшанецот свесни се дека не можат да го пуштат за “ситно.“

Реномираната Марка објави дека Перез се предомислил во последен момент бидејќи не можел да се согласи да го продаде Бејл за дупло помалку пари од поставената цена и порача дека од трансфер нема ништо.

Исто така, Бејл сега со сигурност останува во Европа и како што стојат работите ќе се врати во Англија. За оваа опција е и неговато семејство бидејќи неговата жена не сакаше да замине во далечната Кина.

Но, дали Бејл ќе успее да пронајде нов клуб или сезоната ќе ја помине на трибините гледајќи го Реал Мадрид останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Дамфрис во Интер до 2028 година

Холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис го продолжи договорот со Интер до јуни 2028 год…