Фудбалската јавност е шокирана од заминувањето на Лионел Меси од Барселона.
Барселона вчера објави дека Меси заминува, а она што е чудно што ниту еден фудбалер на Барселона не објавил нешто со кое се збогува со веројатно најголемиот во историјата на Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од она што беше забележано неговиот поранешен капитен Карлес Пујол е единствен кој напиша неколку збора во чест на Аргентинецот.
Сите други засега молчат, а тоа остава и малку дилеми. Како и да е се ќе биде многу појасно денес затоа што од 11 часот се одржува прес-конференцијата на „Камп Ноу“ на која Лапорта треба се детално да објасни.