Дома Фудбал Англија Знаете ли колку ќе заработува Јунајтед од рекламата на ракавите?

Знаете ли колку ќе заработува Јунајтед од рекламата на ракавите?

Иако Манчестер Јунатед веќе три сезони не е дел од европската елита, сепак клубот од „Олд Трафорд“ е лидер кога е маркетингот и комерцијалната заработка во прашање.

Манчестер Јунајтед е клуб со најмногу навивачи во светот и после една деценија го симнаа Реал Мадрид од тронот и станаа најбогатиот фудбалски клуб на светот. Оттаму и големиот број спонзорства, реклами и неверојатни суми на пари.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Клубовите од Премиер лигата од неодамна започнаа да ги рекламираат своите спонзори и на ракавите од дресовите, прв тоа го направи Манчестер Сити (Nexen Tire, компанија чие име се наоѓа на ракавите). „Граѓаните“ имаат договор со оваа компанија за гуми вреден 12 милиони фунти годишно.

Од друга страна, Манчестер Јунајтед преговара со неколку компании, а од клубот нагласија дека се подготвува нов голем договор.

Медиумите тврдат дека ќе заработат 15 милиони фунти од најобичен напис на ракавите, иако се уште не се познати имињата на заинтересираните компании.

Манчестер Јунајтед постави и нови граници со спонзорските договори кои ги има со „Шевролет“ и „Адидас“, кои се најскапи во историјата на фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ со понуда која Донарума тешко дека ќе ја прифати, три англиски клуба се подготвени да реагираат

Според најновите извештаи, тимот на Париз Сен Жермен, кој важи за еден од највлијателните …