Дома Фудбал Англија Знаат ли обложувалниците нешто пвоеќе? Мурињо пред враќање во поранешниот клуб?!

Знаат ли обложувалниците нешто пвоеќе? Мурињо пред враќање во поранешниот клуб?!

Обложувалниците во Велика Британија значително го намалија коефициентот за Жозе Мурињо да биде нов тренер на сините, па „Специјалниот“ сега е трет фаворит за жешката клупа на лондонскиот клуб.

Пред Мурињо повеќе шанси се даваат на стратегот на Лестер, Енцо Марсека и стратегот на Ипсвич, Рајан Мекена. Двајцата стратези сезонава успеаа да се пласираат со своите екипи во Премиер лигата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„За нешто повеќе од половина час добивме многу облози дека Мурињо повторно ќе биде тренер на Челзи, без разлика на најавите дека раководството на клубот преферира помлад тренер“, изјави претставник на обложувалница во Англија.

Дали ова е знак дека „каде има чад има и оган“, тешко е да се погоди, но нема сомнеж дека доведувањето на 61-годишниот Мурињо би бил интересен и веројатно доста популарен потег меѓу навивачите на Челзи. кои претхоодно го гледаа Мурињо на клупата на „сините“ во два мандати од 2004 до 2007 и од 2013 до 2015 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бобан уште еднаш ја доби битката со Милан: „Росонерите“ ќе му исплатат милионска оштета

Врховниот суд во Италија донесе конечна пресуда во случајот на Звонимир Бобан кој по вторп…