Златан Ибрахимовиќ пред неколку дена ја покажа и својата добра страна. Се случи тоа во тунелот на стадионот Дајинг Хит пред натпреварот на Лос Анџелес Галакси.
Пред натпреварот Ибрахимовиќ смируваше едно дете кое беше прилично нервозно што се наоѓа во негова близина. Ибра тоа го направи на негов начин.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нервозен сум“, му кажа момчето на Златан кој го праша: „Како? Што? Сега си како мене“.
Швеѓанецот потоа му го понуди клупското знаменце кое момчето го зема и се насмеа.
„Уживај во моментот, само тоа треба да го правиш“, му додаде Ибра на момчето.
Иако на теренот изгледа препотентно и егоцентрично евидетно е дека Ибрахимовиќ во приватниот живот не е таков со оглед на тоа дека со неговата сопруга Хелена е заедно од 2002 година.
https://youtu.be/uNNC4zAnskE