Во организација на Националната боксерска федерација, а со помош на Агенцијата за млади и спорт и Градот Скопје, годинава се одржува 50. издание на традиционалната боксерска манифестација „Златен Гонг” 2021.
И покрај пандемијата предизвикана од ковид-19, годинава ќе учествуваат над 60 боксери од 13 земји, Англија, Ирска, Велс, Молдавија, Украина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Косово, Албанија, Кина (Хонг Конг) и Бугариа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Се очекува квалитетен бокс во СЦ „Борис Трајковски” (мала сала), според програмата четвртфинале во четврток од 16 часот, петок во две сесии – полуфинале од 13 и 18 часот и финале во сабота со почеток од 20 часот, со пренос на МКРТВ и Аренаспорт.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, на денешната прес-конференција истакна дека оваа традиционална манифестација е од голема важност за македонскиот спорт.
„Знаеме што значи оваа манифестација за нашиот спорт, АМС го помага боксот, годинава имаме 50. јубилејно издание на „Златен Гонг”, тоа е нова можност за промоција на овој спорт, настапот на 13 земји ветува квалитетни борби, чест ми е што сум во друштво со вакви спортисти како Примислав Димовски, претседател на НБФ, нашата агенција ќе продолжи да го помага боксот” – изјави Мојсовски.
Претседателот на НБФ, Примислав Димовски истакна дека и покрај пандемијата, и неодамна завршеното светско првенство во бокс во Белград, на покана на федерацијата ќе учествуваат 13 земји, тоа ветува квалитет.
„Благодарам за големата поддршка од АМС, ние како федерација успеавме да се извлечеме од кризата, чекор по чекор одиме напред. Ова е 50-ти јубилеен „Златен Гонг”, и покрај пандемијата, бројката од над 60 пријавени боксери ќе донесе квалитетни борби” – изјави претседателот на НБФ, Примислав Димовски.
Руждија Калач, кој ќе ја води македонската репрезентација составена од седум боксери најави дека боксот има убава перспектива.
„Потребна е многу работа, но ние имаме добри и перспективни боксери, не е формално, морам да истакнам дека АМС го помага боксот, благодарни сме за тоа, тие се симбол на спортот во државата, очекува квалитетни борби” – рече Калач.
Последниот победник на „Златен Гонг” во 2019 година од македонската репрезентација, Јасин Љама изјави дека по настапот на светското првенство во Белград се чувствува подготвен за овој предизвик.
„Ќе направиме се сите од нашата репрезентација и оваа година „Златниот Гонг” да остане во Македонија, јас сум лично подготвен, а и сите мои колеги во тимот од репрезентацијата, очекувам силна кконкуренција и квалитетни борби” – изјави Љама.