Дома Фудбал Репрезентации Зијеш исфрлен од репрезентацијата на Мароко: Нема да добива повеќе повик и да се вика Лионел Меси!

Зијеш исфрлен од репрезентацијата на Мароко: Нема да добива повеќе повик и да се вика Лионел Меси!

Фудбалерот на Челзи, Хаким Зијеш повеќе нема да добива повик за репрезентацијата на Мароко додека таму е селектор Вахид Халилхоџиќ.

Причината поради која селекторот на Мароко донел ваква одлука е што Зијеш симулирал повреда за време на паузата на националните тимови минатиот јуни. Зијеш не беше дел од Мароко и за светските квалификации кои се играа во септември и ноември минатата година. Мароко тогаш победи на сите шест натпревари во групата и се пласираше во баражот во март.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Зијеш не е човек на кој може да се потрпе националниот тим. Нема да добие повик затоа што може да ја наруши атмосферата во соблекувалната, нема да игра додека сум јас тука па дури да се вика и Лионел Меси. Му простив два пати, трет пат нема. Секој кој сака да игра за репрезентацијата треба да има почит кон неа, соиграчите и селекторот“, изјави Халилхоџиќ.

Патот на Мароко на Африканскиот Куп на Нации заврши во четвртфиналето каде што беа поразени од Египет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Перез ќе предизвика „земјотрес“: Реал Мадрид плаќа 160 милиони евра за засилување

За многумина, Реал Мадрид направи изненадување откако го елиминираше Манчестер Сити во осм…