Дома Топ вести Зијех пред трансфер во Милан

Зијех пред трансфер во Милан

Хаким Зијех е многу блиску до трансфер во Милан, откако „росонерите“ постигнаа начелен договор со Челзи.

„Сините“ од Лондон се засилија со Рахим Стерлинг и нема да има место за Зијех, кој сака да се пресели во клуб каде ќе има поголема минутажа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Најсилен интерес за него покажува италијанскиот шампион Милан, а Зијех веќе има договор со „росонерите“.

Милан првично го сакаше фудбалерот на позајмица, но Челзи сака трајно да се ослободи од Мароканецот и е спремен да го пушти за сума од 10 милиони евра.

„Росонерите“ се спремни да ја платат таа сума, па останува да се договорат уште мали детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…