Дома Фудбал Зинедин Зидан останува тренер на Реал Мадрид!

Зинедин Зидан останува тренер на Реал Мадрид!

Зинедин Зидан ќе остане тренер на Реал Мадрид и наредната сезона, тврди Марка.

После завршувањето на сезоната Зидан не беше сигурен дали ќе остане во тимот, но после разговорите со Флорентино Перез, одлучил да остане во клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Така Зидан ќе ги предводи Кралевите во одбрана на титулата, која оваа сезона се пресели од Камп Ноу на Сантијаго Бернабеу.

Оваа вест сигурно ќе ги израдува навивачите на Реал Мадрид кои очекуваат уште посилен тим на чело со Зидан во новата сезона.

Зидан од 2016. година освои две лигашки титули, три титули во ЛШ, две титули УЕФА Суперкуп и двапати Светско клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шешко е само разочарување: На „Олд Трафорд“ пристигнува „ѕвер“ вреден над 100 милиони евра

Манчестер Јунајтед следното лето би можел да сврти нова страница во потрага по офанзивни з…