Дома Топ вести Зидан сака да го води Јувентус

Зидан сака да го води Јувентус

Легендарниот француски фудбалер и тренер Зинедин Зидан е спремен на лето повторно да седне на клупата на некој клуб.

Откако Дешамп реши да остане на селекторското место на француската репрезентација, Зидан ќе се врати на фудбалот, па веќе испратил сигнали дека сака клупски ангажман.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Зидан ќе ги разгледа сите понуди кои ќе пристигнат на негова адреса, но предност ќе им даде на Јувентус.

Французинот сака да го води својот поранешн клуб, каде ја доживеа својата афирмација како фудбалер.

Иднината на Јувентус е неизвесна, бидејќи не се знае дали ќе избори пласман во ЛШ следната сезона.

Зизу својата фудбалска афирмација ја доживеа токму во италијанскиот гигант, а и Јувентус никогаш не ја криел желбата еден ден да го види Французинот на кормилото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од судија на ЕП и Премиер лига до доставувач на пратки

Дејвид Кут за време на својата судиска кариера судеше на Европското првенство и во Премиер…