Дома Топ вести Зидан призна: Позицијата ми е загрозена, најверојатно ќе заминам!

Зидан призна: Позицијата ми е загрозена, најверојатно ќе заминам!

Реал Мадрид синоќа доживеа шокантна елиминација од Купот на кралот, откако на домашен терен загуби од Леганес 1:2.

Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан ја презеде одговорноста на себе и призна дека неговата позиција во Реал е сериозно загрозена.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Ги победивме во првиот натпревар, но денес одигравме многу лошо. Резултатот е фер затоа што не го постигнавме тоа што го сакавме. Ова е неуспех и ја превземам одговорноста. Не разбирам како се случи тоа, не можам да го објаснам. Победивме со 1:0 во првиот натпревар, а на крајот сепак испаднавме. Дали сум лут на играчите? Не, лут сум само на себе“, изјави Зидан.

Реал веќе испадна и од трката за титулата во Примера, а сега останува само борбата во ЛШ.

„Мораме да им се извиниме на навивачите и да се посветиме на ЛШ. Позицијата ми е загрозена и ако не го победиме ПСЖ тоа ќе биде голем удар и најверојатно ќе заминам од Реал“, додава Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Бразилецот кој го сруши ПСЖ направи трансфер во Премиер лигата!

Бразилскиот репрезентативец Игор Жезус премина од Ботафого во Нотингем Форест. Англискиот …