Дома Фудбал Зидан пред Шахтјор: Ова е најважниот натпревар!

Зидан пред Шахтјор: Ова е најважниот натпревар!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан истакна дека утрешниот натпревар против Шахтјор е најважниот натпревар во досегашниот дел од сезоната.

„Тоа е најважниот натпревар за нас, бидејќи ако освоиме три бода можат да бидат клучни за пласман во следната фаза. Сега не наоѓаме континуитет во играта, но секогаш има тешки моменти. Ние сме Реал Мадрид и секогаш ги поминуваме тешкотиите“, изјави Зидан.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Зидан беше запрашан за коментар на белгискиот доктор кој изјави дека честите повреди на Азар се резултат на притисокот во Реал Мадрид.

„Не, Азар е силен. Повредите се дел од играта. Немам никаков сомнеж за тоа каков играч е Азар, се надевам дека ќе се врати што побрзо“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вини се огласи еден час по натпреварот: Разочараност од инцидентот и молк на надлежните

ВИНИСИУС ЖУНИОР се огласи едниот час по натпреварот каде што постигна гол за триумф од 1:0…