Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан после Атлетико отпиша двајца?

Зидан после Атлетико отпиша двајца?

Што значи овој потег на Зидан?

Фудбалерите на Реал Мадрид во првото коло од Лигата на шампионите доживеаа пораз во Париз од ПСЖ и тоа убедлив (0:3).


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во тој натпревар „кралевите“ не упатија ниту еден удар кон голот на францускиот клуб и вечерва против Клуб Бриж едноставно мораат да победат.

Пред овој натпревар Зинедин Зидан донесе изненадувачка одлука. Во тимот за овој натпревар немаше место за Герет Бејл и Хамес Родригез.

Двајцата во текот на летото беа на излезни врати од клубот, меѓутоа во Мадрид не пристигнаа понуди кои ги задоволуваа апетите на клубот, па тие останаа.

Зизу ги користеше оваа сезона, но после слабото издание против Атлетико во дербито одлучи да ги изостави за натпреварот од Лигата на шампионите.

Ќе видиме дали ова е само опомена или уште еден показател дека двајцата се на излезни врати од клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…