Дома Фудбал Зидан откри кој е најважниот играч во Реал Мадрид и ги изненади сите!

Зидан откри кој е најважниот играч во Реал Мадрид и ги изненади сите!

Реал Мадрид минатаа сезона стана првиот клуб во историјата кој ја одбранил титулата во Лига на шампиони, притоа ја освои титулата во Примера.

Поради тоа нормално дека играчите на „кралскиот“ клуб доминираа на церемонијата на ФИФА каде се делеа наградите за најдобрите од минатата сезона.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Кристиано Роналдо беше избран за најдобар фудбалер на светот, меѓутоа Зидан смета дека првото име во Реал и играч без кого не може да го замисли тимот е Серхио Рамос.

„Рамос е капитен на нашиот тим, тоа сите го знаат, но тој е и нашиот најважен фудбалер“, изјави Зидан.

Рамос на „Бернабеу“ пристигна во 2005 година од Севиља и во меѓувреме израсна во еден од најдобрите дефанзивци во светот и ја наследи капитенската лента од Касиљас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Јамал е одличен, но не може да се спореди со Марадона и Меси“

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело, смета дека Ламин Јамал треба да ја освои …