Дома Топ вести Зидан на конференцијата пред Селта: За Бејл, Нејмар, Погба, очекувањата…

Зидан на конференцијата пред Селта: За Бејл, Нејмар, Погба, очекувањата…

Реал Мадрид сезоната ја започнува со утрешното гостување кај Селта Виго.

Ден пред натпреварот одржана е конференција на која Зидан зборуваше за медиумите.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Се прилагодувам на она што го имам. Задоволен сум од своите играчи и сега само сакам да се насочам на натпреварот кој следи. Тоа го мислат и моите играчи. Ги имам најдобарите играчи и во тоа не се сомневам. Секогаш ќе искажувам таквото мислење“.

„Со нетрпение чекаме првенството да започне. Размислуваме само за овој натпревар и сите сме спремни. Знаеме дека Селта е добар тим и дека ова е најдобрата лига во светот, но сакаме победа. Мораме да победиме“.

Што Зидан сака оваа сезона?

„Да играме добро и да победиме, тоа најмногу ме интересира. Победата е последица на она што го правите на теренот. Сакаме да играме добро како тим. Преферирам добар фудбал и тоа е важно во Реал Мадрид“.

Нејмар, Погба…?

„Нејмар не е играч на Реал, а важни се само играчите кои се тука. Пол Погба. Тој е во Манчестер унајтед и тоа морате да го почитувате и да го сфатите“.

И најинтересното Зидан веројатно го кажа кога зборуваше за Бејл.

„Изгледаше дека заминува, но сега со нас. Работите се менуваат и од сега ќе сметам на него.  Важен е како и секој друг и се надевам дека ќе има добра сезона“, заврши Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул спреми 70 милиони за Гринвуд

Мејсон Гринвуд, кој претходно беше дел од Манчестер Јунајтед, сега блеска во француската л…