После толку успешни години во Реал Мадрид, најпрво како играч, а потоа и како тренер, Зинедин Зидан се смета себе си за повеќе од обичен работник во клубот.
На пресконференцијата Зидан беше запрашан од страна на новинарите дали еден ден би можел да ја предводи Барселона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Моето срце е бело, така беше и како фудбалер, така е и како тренер. Кога заврши мојата кариера како фудбалер добив многу понуди од други клубови, но јас бев категоричен дека сакам да останам тука. Така е и сега“, изјави Зидан.
Зидан утре против Гетафе ќе го води „кралскиот“ клуб по 100-ти пат. За тоа време Французинот освои многу трофеи, но повтори дека за него најважна е титулата во Примера.
Zidane: "¿Fichar por el Barcelona? Yo tengo el corazón blanco" https://t.co/NnYFTTWX39 pic.twitter.com/JtH0sfkLkZ
— MARCA (@marca) October 13, 2017