Дома Топ вести Зидан конечно проговори за трансферите: Сигурно ќе има промени!

Зидан конечно проговори за трансферите: Сигурно ќе има промени!

Со враќањето на Зинедин Зидан на клупата на Реал Мадрид, се очекува „кралскиот“ клуб да направи вистинска „револуција“ на тимот следното лето.

Повеќе од половина тим од сегашните играчи би можеле да го напуштат клубот, Зидан ќе го намали бројот на фудбалери, има многу јасна претстава како би требало да изгледа тимот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Познати се и целите, првите две се Азар, кој би требало сигурно да пристигне во Мадрид, договорот му истекува во 2020. година, и Погба за кого Реал е подготвен да се откаже и од Бејл и од Крос. Велшанецот и Германецот се на листата на играчи кои Реал треба да ги замени.

Зидан конечно проговори на таа тема, откри дека ќе има промени, но поради почит кон играчите не сакаше да открива премногу.

„Постојано се пишува за промените и играчите кои ќе заминат. Меѓутоа, не сакам премногу за зборувам за тоа поради почит кон играчите кои се моментално во клубот“, истакна Зидан.

„Да се зборува за „чистка“ во соблекувалната во оваа фаза од сезоната ми се чини како непочитување на играчите. Сигурно ќе има промени, но сега не е време да се зборува за тоа“, заклучи Французинот.

Жешка тема на „Сантиаго Бернабеу“ е и иднианта на дефанзивецот Рафаел Варан. Реал нема да попушти пред неговите барања за голема плата, но би можел да го продаде и да испрати непристојна понуда за Кулибали или да ја платат клаузулата за Раул Хименез од Атлетико Мадрид.

Марсело најверојатно ќе остане, како и Иско и Навас, играчите кои беа во вториот план со враќањето на Зидан повторно добија значење.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…