Главна тема денес во Шпанија е изјавата на стоперот на Барселона, Жерар Пике по ремито со Севиља 0:0.
Ќе потсетиме Пике после натпреварот со Севиља 0:0 изјави дека неговиот клуб на основа на она што го видел во претходните два натпревари е далеку од титулата и смета дека Реал Мадрид е во предност.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот Кике Сетиен се огласи по таа изјава и порача дека Реал нема да ги победи сите натпревари до крајот на првенството.
Шпанските новинари го запрашаа Зидан, тренерот на Реал да даде коментар за оваа изјава.
„Нема на своите играчи да им зборувам што да прават и што да изјавуваат. Нема да кажат некоја глупост, паметни се“, изјави Зидан.
Реал Мадрид својот натпревар од Ла Лига против Сосиедад го игра утре.