Дома Фудбал Зидан: Гостување на Камп Ноу е најдоброто за нас во моментов

Зидан: Гостување на Камп Ноу е најдоброто за нас во моментов

После два порази на домашен терен, тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан смета дека најдобро во моментов е гостување на „Камп Ноу“.

Утре Реал Мадрид и гостува на Барселона, а критиките кон Зидан и „кралевите“ се силни, па дури се шпекулира дека Французинот е пред отказ.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Знаеме што не чека, и условите се тие, за сите. Се знае дека ова е поинакво Ел Класико од сите претходни но не можеме да промениме ништо. Во овој момент најдоброто за нас е гостување на Камп Ноу. Нема подобра шанса да ја свртиме ситуацијата во наша корист. Сакаме да одиграме добар меч, да покажеме дека моежеме да одиграме добар меч“, изјави Зидан.

„Критиките се нешто нормално и се оправдани во моментов. Меѓутоа, ние имаме квалитет да ја надминеме оваа ситуација. Како тренер секогаш сум и ќе трпам најголема критика и тоа е во ред. Јас сум секогаш со тимот, и заедно ќе направиме се за да одиграме утре добар меч“, додаде Зидан и потврди дека Серхио Рамос ќе биде спремен за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФИФА подготви нова револуција – саудијците едвај ја чекаа!

Врвната организација на светскиот фудбал (FIFA) подготви нова револуција, а тоа е проширув…