Во својата анализа за тимот на Зидан за следната сезона, Marca наведе дека францускиот тренер има по двајца играчи на секоја позиција и тоа е најголемата моќ на Реал.
„Тоа е голема предност бидејќи минатата сезона тоа го немаше на располагање. Немаше замена за Марсело и Каземиро“, пишува Marca.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За следната сезона, замена за Каземиро ќе биде Маркос Љоренте, а за Марсело ќе биде Тео Ернандез. И двајцата стигнуваат во Реал од Алавес, каде играа минатата сезона како позајмици – Љоренте позајмен од Реал, а Ернандез од Атлетико Мадрид.
Со тоа Зидан на располагање има два застрашувачки добри тима, што и следната сезона ќе му овозможи во финишот на истата да влезе со многу поодморен тим од своите противници. Ако изминатава сезона момците од Зидан протатнија покрај своите противници и ја освоија Примера и Лигата на шампионите, следната сезона ќе напаѓаат дури шест трофеи.
#LoMásLeído | Zidane completa el puzzle para la próxima temporada https://t.co/Pid75K2K2F pic.twitter.com/sFew3wTvvU
— MARCA (@marca) June 28, 2017
Голманот Кејлор Навас има замена во Кико Касиља, но Навас ова лето би можел да си замине ако Реал го доведе Донарума. Во секој друг случај, Навас и следанта сезона ќе биде „единица“.
На десната страна се Карвахал и Данило, лево Марсело и Ернандез, прв стоперски пар се Рамос и Варан, а нивни замени се Ваљехо, кој се врати од позајмица од Ајнтрахт, и Начо.
Средниот ред од Реал го знаат сите: Каземиро, Модриќ и Крос, а шанса во помалку важните натпревари ќе добиваат Љоренте, Ковачиќ и Иско.
Напаѓачкото трио ББК (Бејл, Бензема, Кристиано) ќе го предводи нападот и следната сезона. На клупа ќе бидат Лукас и Асенсио, како и Мората, ако никој не понуди за него 75 милиони евра, колку што бара Реал Мадрид. Ако замине Мората, нападот би можел да го засили најдобриот млад фудбалер на светот, Мбапе од Монако.