Вечерва европскиот шампион и гостува на Борусија Дортмунд во рамките на ЛШ, а Зидан се надева „кралевите“ да ја запишат првата победа на „Сингл Идуна Парк“.
Тренерот на „кралевите“ не е загрижен поради лошата традиција на Реал против Дортмунд и истакна дека е време за прва победа на ова гостување.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Се е во ред со тимот. Ни претстои натпревар против силен тим, на прекрасен терен и пред неверојатна публика. Никогаш не сме победиле во Дортмунд и спремни сме за тој предизвик. Тука сме за да победиме“, изјави Зидан.
„Знам дека нема да биде лесно бидејќи Борусија е тим од највисока класа. Се надевам дека ќе се покажеме во вистинско светло. Не можеме секогаш да сме брилјантни, но не се грижам бидејќи ги знам квалитетите на тимот“, додаде Французинот и потврди дека Тони Крос е опоравен и ќе игра против Дортмунд.