Дома Фудбал Останато Зенит застана во одбрана на Тимошчук

Зенит застана во одбрана на Тимошчук

Антони Тимошчук од легенда на украинскиот фудбал се претвори во еден од најголемите предавници во историјата на земјата.

Играчот со најмногу настапи во историјата на репрезентација на Украина одлучи да молчи и да продолжи со работата како помошник тренер во Русија и покрај тоа што се случува во неговата земја.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Поради тоа ФС на Украина на одличниот играч за врска му ги одзема сите титули. Избришан е од регистрот на украински репрезентативци и официјално остана без сите златни и сребрени медали, но и тренерската лиценца.

Украинските новинари објавија и дека Тимошчук наводно бил руски шпион, потпишал и заклетва.

После ваквите информации стигна и одговор од Зенит кој порача и дека правдата ќе ја бара на арбитражниот суд во Лозана.

„Тимошчук е голем професионалец кој има совесен однос кон работата во секоја земја во која играл како фудбалер и работел како тренер. Довербата во неговите е непроценлива. Исто важи и за неговите човечки квалитети. Сметаме дека одлуката на украинската федерација е под политичка манипулација. Исто така сакаме да порачаме дека фудбалот треба да остане надвор од политиката, а не да биде дел од некакви политички игри“, соопштија од прес-службата на Зенит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познат терминот за Мундијалот за жени во 2027 година

Бразил во мај ја победи заедничката кандидатура на Германија, Белгија и Холандија за домаќ…