Дома Топ вести „Земјотрес“ на трансфер пазарот: Гвардиола кешира „стотка“ за Пјаниќ

„Земјотрес“ на трансфер пазарот: Гвардиола кешира „стотка“ за Пјаниќ

Плејмејкерот на Јувентус е едно од „најжешките“ имиња во летниот трансфер период и големи се шансите да ја промени средината.

Неодамна се појавија информации дека Јувентус е спремен да го продаде Пјаниќ доколку пристигне понуда од 80 милиони евра, па веднаш се јавија неколку заинтерсирани клубови.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Челзи прв започна преговори со „старата дама“ и е спремен да ја плати сумата, но „граѓаните“ сакаат да ја победат конкуренцијата и спремија многу подобра понуда.

Гвардиола не сака да ја загуби битката како со Жоржињо и веќе му се јавил на Пјаниќ да го убеди да се пресели на „Етихад“. Босанецот не е задоволен што „бјанконерите“ не му нудат повисока плата и е спремен да се пресели во Премиер лигата.

Манчестер Сити е готов да понуди 100 милиони евра за неговиот потпис, сума која Јувентус нема да може да ја одбие.

Наводно и тренерот Алегри дал зелено светло на операцијата, бидеќи на местото од Пјаниќ го сака играчот на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…