Нова добра вест за навивачите на Барселона.
Во исчекување на потписот на Филипе Кутињо, каталонскиот гигант ќе стане посилен за Осман Дембеле. Момчето кое се повреди кон средината на септември конечно закрепна и доби зелено светло да и се приклучи на екипата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пред повредата, Дембеле за Барселона одигра два натпревари, и не се запиша во листата на стрелците. Беше тоа во септември сериозен удар за Барселна, но екипата влезе во серија одлични резултати и сега се наоѓаат на лидерската позиција во Примера.
Сепак, очекувањата од Дембеле се и натаму големи, што и не би требало да зачудув, со оглед на тоа дека за него Каталонците платија 104 милиони евра.
Првиот меч во новата календарска година, Барса го игра в четврток, кога ќе гостува кај Селта Виго во рамки на Купот на Кралевите.