Ако ова не е некој трик, нешто што навикнавме во минатото да го гледаме него, Здравко Мамиќ се повлекува од светот на фудбалот.
Контроверзниот бизнисмен кој е творец на големите успеси на Динамо Загреб во последната деценија во последните години поради пресудата на хрватскиот суд живее во Босна и Херцеговина, а сега порача дека се простува од фудбалот и Динамо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Со ова интервју се простувам од Динамо и хрватскиот фудбал. Да не беше смртта на Ќиро Блажевиќ веќе ќе одржев прес-конференција за новинарите и официјално ќе кажев збогум. Во емотивна смисла никогаш нема да се откажам од Динамо, тој е мојот живот, но кога во прашање е мојата работа и учество во било какво управување, дефинитивно е мое минато. Може така да се каже“, изјави Мамиќ за порталот „Глас Српске“.
Додека Мамиќ беше во клубот Динамо стана синоним за одлично работење бидејќи клубот заработи многу од трансфери. Во Хрватска е осуден поради проневера на 15.5 милиони евра и затоа живее во Босна, а Мамиќ тврди дека е жртва на корумпирани луѓе.
„Динамо во смисла на било каков мој ангажман е минато. Повеќе нема да се занимавам со Динамо, ниту со фудбалот воопшто. Ќе бидам само обичен навивач. Влегувам во есента од мојот живот, најмногу ме потресе смртта на Ќиро, иако почина и мојот татко. Мислам дека во оваа време тоа остави најголем почет. Некои работи до тогаш не ги разбрав добро, по смртта на Ќиро подобро ги сфатив и моето простување од фудбалот е конечно“, порача Мамиќ.