Легендарниот хрватски фудбалер, Звонимир Бобан го загуби судскиот спор против својот поранешен клуб Милан.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Бобан го тужеше италијанскиот клуб откако минатата година доби отказ од местото директор. Судот во Милано првично донесе одлука клубот да му исплати 5.375.000 евра.
Меѓутоа, Милан се жалеше на таа одлука, а судот ја намали казната за околу 4,2 милиони евра, па сега Бобан мора да врати 1,2 милиони од разликата која му е веќе исплатена, пренесуваат италијанските медиуми.
Потсетуваме, Бобан не се согласуваше со челниците на клубот и тоа јавно го соопшти во интервју на „Газета дело Спорт“, а потоа доби отказ.