Тенисерот Александар Зверев изјави дека можеби бил заразен со корона вирус кога пристигнал на Австралија опен во јануари.
Германскиот тенисер вели дека можеби се инфицирал во декември кога бил на егзибициски меч во Кина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Цел месец имав кашлица, бев и со покачена телесна температира постојано за време на Австралија Опен. Но, тогаш никој не знаеше за коронавирусот и не обрнував внимание. Се сеќавам дека кашлав и по пет-шест часа без прекин, но натпреварите ги играв. Верувам дека, доколку се тестирав, ќе бев позитивен. Но, за среќа се помина добро“, вели Зверев.
Зверев на Грен Слем турнирот во Мелбурн дојде до полуфиналето, во кое загуби од Доминик Тим.