Момците на Раул Гонзалез во 1/4-финалето од ракометната машка Лига на шампиони го чекаат два натпревара со германски Кил.  Првиот натпревар од четвртфиналето се игра на 22 април од 17:00 часот во Германија, додека реваншот во Скопје е закажан за 29 април,  со почеток од 17:00 часот. Еден од играчите на Бундеслигашот, Миха Зарабец, не очекува лесни два меча, сепак смета дека Кил може да го мине Вардар.

Да настапиме на завршниот турнир во ЛШ со Кил звучи навистина убаво. Но патот до ракометната завршница во Келн е навистина трнлив. Но, верувам дека можеме да го елиминираме Вардар. Ќе видиме кој ќе биде подобар и кој ќе патува на завршниот турнир во Лигата на шампионите– вели Зарабец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Летаа боксови и клоци по натпревар во борење: Ерменец нападна Американец откако го победи во рингот (Видео)

Еден скандал доаѓа од RAF 06 (Real American Freestyle), каде што изби општа тепачка по едн…