Дома Фудбал Англија Започува нова ера на „Енфилд“: Ливерпул доведе нов спортски директор!

Започува нова ера на „Енфилд“: Ливерпул доведе нов спортски директор!

Tимот на Ливерпул денес го именуваше Јорг Шмадке за нов спортски директор кој доаѓа на местото на Џулијан Вард.

Овој 59-годишен Германец функцијата ќе ја преземе од 1.јули, а во досегашната кариера работеше во Хановер, Келн, Алеманија Ахен и Волфсбург.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Шмадке со Ливерпул потпиша краткорочен договор со можност за продолжување на соработката.

Ангажманот на Шмадке го потврди Ливерпул на својата официјална страна.

„Му посакуваме се најдобар на Џулијан во неговата понатамошна кариера и му се заблагодаруваме за се што направи за клубот во изминатите години стои во соопштението.

Ливерпул сезоната ја заврши на петтата позиција и во наредната сезона нема да биде дел од Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лионел Меси доби ретка чест од Интер Мајами

Лионел Меси ќе стане дел од редок спортски потег, бидејќи Интер Мајами најави дека трибина…