Не престануваат вестите за Емилијано Сала дури и откако играчот беше погребан.
Нант одлучи да се жали на ФИФА откако Кардиф не го испочитува рокот за првата уплата од пет милиони фунти за Емилијано Сала.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првата рата од трансферот на аргентинскиот напаѓач кој настрада во авионската несреќа на 21-ви јануари требаше да се исплати до вторникот, но клубот од Премиер лигата одлучи да ја стопира исплатата додека трае истрагата за падот на авионот.
Оштетата за Сала во износ од 15 милиони фунти требаше да биде исплатена на три рати, а Нант го извести Кардиф дека првата рата требаше да биде платена до 20-ти февруари.
Клубовите подоцна се сложија да го продолжат рокот за уште една недела, но помина и тој рок, а од Кардиф немаше никаква реакција. Според пишувањето на францускиот Л’Eкип Нант ја контактираше ФИФА за да донесе пресуда за овој случај.