Дома Фудбал Италија Занети: Целта на Интер е финале во Лига Европа!

Занети: Целта на Интер е финале во Лига Европа!

Потпретседателот и легенда на Интер, Хавиер Занети изјави дека целта на „нероаѕурите“ е да стигнат до финалето во Лига Европа.

Денес на ждребот Интер за противник во 1/16-финалето ја доби Рапид Виена.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Лига Европа е престижен турнир и сакаме да стигнеме до самиот крај. Жаламе за елиминацијата од ЛШ, но сега ќе се насочиме кон Лига Европа. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата во февруари со тимот, но сакаме да бидеме претенденти за трофејот“, изјави Занети.

„Ако имаме можност да го засилиме тимово во јануари, сигурно ќе го направиме тоа. Ќе биде многу важно ако успееме да освоиме некој трофеј оваа сезона“, заклучи Занети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Тодоровски на мајсторски начин го лобуваше противничкиот голман (Видео)

Македонскиот интернационалец Андреј Тодоровски постигна прекрасен гол за Бачка Топола во п…