Легендарниот фудбалер на „нероаѕурите“ не се сложува со поранешниот стратег на Интер и сегашен селектор на репрезентацијата на Италија, Роберто Манчини.
Занети кој е сега ја извршува должноста потпретседател на Интер зборуваше за изјавата на селекторот Роберто Манчини дека клубовите од Серија А би требало поголем простор да им даваат на младите италијански фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот смета дека тоа не е баш така едноставно.
„Откако Италија не успеа да се пласира на Свтското првенство мислам дека треба да направи се за да го подигне квалитетот на младите фудбалери. Манчини сигурно е вистинскиот човек за такво нешто, но мислам дека во клупскиот фудбал треба да играат најдобрите без оглед на националноста“, изјави Занети па ја објасни својата изјава.
„Просто е – играат најдобрите. Репрезентацијата на Италија треба да започне од почеток и потребни им се најдобрите млади играчи. Сите сме среќни кога италијански фудбалер е добар на теренот, тоа добро се одразува и на младинските категории“, заклучи Аргентинецот.