Поранешната фудбалска ѕвезда, Чилеанецот Иван Заморано тврди дека Меси не е доволно почитуван во својата земја.
Пред гостувањето на Чиле во Аргентина, во квалификациите за СП, Заморано зборуваше за аргентинската ѕвезда.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
„Замислете си, Меси да е роден во Чиле, па тој би имал споменици по целата држава и би бил секојдневно опслужуван со награди. Аргентинците прават разлика помеѓу Меси во Барселона и Меси во репрезентацијата. Мора сликата да се следи целосно, а не да се прави разлика“, истакна Заморано.
Аргентина се наоѓа на 5-то место во квалификационата група за СП, 1 бод повеќе има Чиле.