Денес одекна дека на состанокот на премиерлигашите договорено е во Англија летниот преоден рок да биде затворен пред почетокот на сезоната.
Во изминатиот период имаше доста полемика околу ова, некои екипи сметаа дека траењето на преодниот рок по почетокот на сезоната го пореметува натпреварувачкиот дух кај играчите, поради неизвесноста дали ќе биде продаден и дали позицијата ќе им биде загрозена со евентуално доведување на некои нови фудбалери во последните моменти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од 20 екипи од ПЛ, 14 изгласаа „за“ додека само еден клуб остана воздржан, што не доведува до заклучок дека пет екипи гласале против овие промени.
Сега е откриено како гласале екипите, а единствен воздржан беше Барнли.
Што се однесува до екипите кои гласаа против, во прашање се Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Вотфорд, Свонси и Кристал Палас.
Јунајтед ова лето сите засилувања ги донесе далеку пред почетокот на сезоната, но изгледа на Мурињо повеќе му се допаѓа да има опција до крајот на август да го засилува тимот. Сепак, тоа од следната сезона нема да може.
Гвардиола во последниот ден од август во Манчестер Сити се обиде да донесе две засилувања, Џони Еванс и Алексис Санчез, па е јасно дека тој бил против оваа одлука.
Во секој случај, веќе во првата третина од август следната година, сите екипи од ПЛ ќе имаат конечни состави за првиот дел од сезоната, како тоа ќе се одрази на пазарот ќе видиме можеби веќе и во јануари.