Замената за Килијан Мбапе во редовите на Монако би можела да пристигне од Премиер лигата.
Се работи, за Ислам Слимани, 29 годишниот фудбалер кој пристигна во Лестер минатото лето за сума од 30 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Слимани со оваа сума е рекордно засилување за „лисиците“, а сега би можел да биде и замена за фантастичниот Килијан Мбапе кој се очекува во наредните 72 часа да стане дел од ПСЖ.
Објективно, тој не се снајде на „Кинг Пауер“ и од неговото доаѓање од лисабонски Спортинг постигна само седум погодоци, а во новата сезоната забележа два настапи во Премиер лигата и постигна два погодоци во Лига купот против Шефилд.
Токму поради тоа промена на средината веројатно би им одговарала на сите три страни, а останува да видиме дали Леонардо Жардим ќе го разбуди голгетерскиот инстикт на Слимани, секако во случај тој да се пресели во Монако.