Дома Топ вести Заврши преодниот рок во Топ 5 лигите. Најголемиот трансфер во историјата сè уште е можен

Заврши преодниот рок во Топ 5 лигите. Најголемиот трансфер во историјата сè уште е можен

Заврши преодниот рок во Топ 5 лигите. Последниот ден имаше голема активност на фудбалскиот пазар, а најголемата зделка во последниот ден од преодниот рок ја направи ПСЖ.

Францускиот шампион го донесе Рандал Коло Муани (24) од Ајнтрахт Франкфурт за 95 милиони евра и засега непознати бонуси.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Втора најголема зделка на денот беше трансферот на Матеус Нунес од Волвс во Манчестер Сити за 62 милиони евра, а трет најголем трансфер беше оној на Кол Палмер од Сити во Челзи.

Скапо плати и Тотенхем кој на Нотингем Форест му инкасира 45 милиони евра за Бренан Џонсон.

Најголемата зделка сè уште е можна
Интересно беше и во Барселона, која ги донесе Жоао Кансело и неговиот имењак Феликс од Манчестер Сити и Атлетико Мадрид на позајмица.

Манчестер Јунајтед успеа да ја комплетира позајмицата на Софијан Амрабат од Фиорентина, а Ливерпул од Баерн го доведе Рајан Гравенберх за 40 милиони евра фиксно обештетување и пет милиони евра потенцијални бонуси.

Треба да се напомене дека се уште е можно најголемиот трансфер за ова лето допрва да се заврши, без разлика што заврши преодниот рок во Топ пет лигите.

Ливерпул на маса има понуда од Ал Итихад од 233 милиони евра на која не мораше да одговори до полноќ бидејќи преодниот рок во Саудиска Арабија трае до 10 септември.

Доколку Ливерпул се согласи на продажба, тоа и официјално би бил најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.

Рекордот моментално го држи Нејмар, кој во 2018 година од Барселона се пресели во ПСЖ за 222 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал нема да жали пари за ѕвездата на Арсенал

Реал Мадрид е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал и француски репрезентативец В…