Денес со почеток од 18:00 часот се одиграа последните натпревари во турското првенство во кое гледавме супер интересна завршница.
На крајот – нов шампион е Галатасарај!
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во последното коло три клуба во труското првенство влегоа со шанса за освојување на титулата Галатасарај, Фенербахче и Башакешир. На денешните натпревари сите три клуба забележаа победи.
Галатасарај освојувањето на титулата го обезбеди со победата од 0:1 на гостински терен против Гозтепе. Единствениот гол на натпреварот го постигна Гомис од пенал во второто полувреме.
Фенерабахче со 3:2 славеше против тимот на нашиот Адис Јаховиќ кој беше и стрелец на вториот гол за Коњаспор.
Башакешир со истиот резултат беше подобар од Кашимпаша со 3:2!
Во истиот термин играше и Бешикташ кој се надеваше дека може да стигне до втората позиција и местото кое води во Лигата на шампионите. Сепак неговите конкуренти не си дозволија кикс, па и покрај победата од 5:1 против Сиваспор остана на четвртата позиција која го носи во Лигата на Европа.