Дома Трансфер зона Заборавете ги Санчез и Кутињо: Роналдо го краде шоуто, овој трансфер ќе ја одбележи 2018. година

Заборавете ги Санчез и Кутињо: Роналдо го краде шоуто, овој трансфер ќе ја одбележи 2018. година

Кристиано Роналдо е главната тема на трансфер периодот во Шпанија.

Еден од најпознатите шпански медиуми објави дека третиот најплатен фудбалер во светот е незадоволен од политиката во „кралскиот“ клуб, но и неисполнувањата на Перез од ветениот договор. Имено, претседателот на клубот, Флорентино Перез му ветил на Роналдо нов договор кој би му обезбедил многу поголема заработка, но тоа не се случи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Потсетуваме, Портуалецот на крајот на 2016. година потпиша договор со Реал до 2021. година со годишна плата од 21 милион евра. Но, изгледа дека на Роналдо и тоа му е малку, па побарал зголемување од четири милиони евра. „АS“ пишува дека Роналдо своето незадоволство го споделил и со соиграчите и во соблекувалната им најавил враќање на „Олд Трафорд“.

Португалецот во дресот на актуелниот европски шампион во 418 настапи постигна неверојатни 422 гола и така стана најдобрито стрелец во историјата на клубот. Со Реал освои 14 трофеи, три пати го подигна трофејот во ЛШ и два пати во шпанското првенство. Во Реал пристигна во 2009. година од Манчестер Јунајтед во чии редови играше шест години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…