Квадво Асамоа во овој момент е слободен играч откако пред два месеци го напушти Интер.
Според најавите на италијанските медиуми, Асамоа би требало да се врати во Удинезе, клубот каде што доживеа целосна афирмација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Искусниот лев бек во изминатите две години беше играч на Интер, а во октомври стана слободен играч. Најдобриот период од кариерата го помина во Јувентус со кој освои дури шест Скудетата.
За Удинезе 32 годишниот Асамоах настапуваше од 2009 до 2012 година. Платен беше на Белезони еден милион евра, додеа Јувентус го откупи за 18 милиони евра.