Дома Останати Тенис За Ѓоковиќ финалето на Австралија Опен не може да има добар исход

За Ѓоковиќ финалето на Австралија Опен не може да има добар исход

Данил Медведев ќе се бори против Рафаел Надал во финалето на Австралијан опен и ќе се обиде да ја освои втората титула на гренслем-турнирите, но и да го преземе првото место на АТП-листата од Новак Ѓоковиќ.

Медведев во полуфинале славеше против Циципас со 3-1, а со ист резултат победи и Надал против Беретини, па ова ќе биде нивни петти меѓусебен дуел, додека досега поуспешен беше Шпанецот со три победи.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


На Ѓоковиќ не му одговара ниту еден од двајцата тенисери да победи во финалето во Мелбурн затоа што ќе загуби во секој случај. Доколку титулата ја освои Шпанецот, тогаш тој ќе стане најтрофеен по број на гренслем-трофеи.

Не одговара ниту втората опција, односно победа на Медведев, затоа што Русинот ќе го преземе врвот на АТП-листата од Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ доби извинување какво што не го очекуваше ниту во најлудите сништа

Новак Ѓоковиќ почна да губи големи мечеви и изгледа на тој начин ја придоби љубовта на јав…