Дома Останати За случајот на Синер се огласи медицински експерт: Објаснувањето е смешно!

За случајот на Синер се огласи медицински експерт: Објаснувањето е смешно!

Бурни се реакциите откако Јаник Синер помина без суспензија иако имаше два потврдени допинг теста на клостебол кој е забранет.

Според медицинскиот експерт Фриц Сергел кој даде интервју за германскиот „Спорт1“ во кое тврди дека суспензија морало да има.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Изговорот дека забранетата супстанца се апсорбирала преку кожата не ми изгледа реален. Светата антидопинг агенција (ВАДА) мора да интервенира. Според мене, случајот не е завршено. Клостебол е клостебол и носи суспензија од две до четири години. Тој мораше да биде суспендиран, а во тенисот веќе видовме еден или два случаи каде што тенисери се поштедени. Не гледам причина да помине без суспензија затоа што е најдобар во овој момент, тоа нема никаква врска.

Тука е примерот на Бен Џонсон кога го изгуби златото од Олимписките игри поради допинг. Навистина не гледам причина Синер да има привилегии“.

Објаснувањето во јавноста за него е смешно.

„Смешно ми е тоа што се зборува, дури и да го масира секој ден, по цел ден тешко клостеболот да влезе во телото на тој начин и да биде откриен на допинг тест“, објасни медицинскиот експерт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

ИХФ ги одреди термините во кои ќе игра Македонија на Светското првенство

Светското ракометно првенство кое следи во машка конкуренција ќе се игра во Хрватска, Норв…