Дома Останати Кошарка За првпат Шпанец ќе биде главен тренер на еден тим во НБА

За првпат Шпанец ќе биде главен тренер на еден тим во НБА

Жорди Фернандез, шпанскиот тренер и селектор на кошаркарската репрезентација на Канада доби прилика да води тим во НБА. Следната сезона тој ќе седи на клупата на Бруклин Нетс и така ќе стане првиот Шпанец кој бил тренер на еден НБА тим.

Нетси имаа предизвикувачка сезона борејќи се без клучните играчи. По разочарувачките резултати се донесе одлука дека е време за промена на тренерската клупа и отпуштен беше Кевин Онил.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Фернандез е познато по своето искуство и фокусот на одбраната, пристигнува со импресивно тренерско педигре, вклучувајќи и работа во НБА развојната лига, но и на меѓународна сцена.

Како асистент беше во Кливленд од 2009 до 2013 година, потоа доби улога на асистент и во Денвер од 2016 до 2022, а минатата година беше во Сакраменто. Сега за првпат добива прилика да води една сениорска екипа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Грција по голема борба против Финска освои бронза на Евробаскетот

Кошаркарите на Грција триумфираа со 92-89 против Финска во битката за трето место на Евроб…