Дома Останати Кошарка Лука Дончиќ стана ко-сопственик на екипа од НБА Европа

Лука Дончиќ стана ко-сопственик на екипа од НБА Европа

Лука Дончиќ стана дел од инвестициската група на Дони Нелсон, поранешен генерален менаџер на Далас, кој има за цел да го донесе Рим во НБА Европа, известува Атлетик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нелсон има договор за купување на Кремона, со цел да започне многу поголем проект, а тоа е влезот во лигата под покровителство на ФИБА и НБА.

Се пишуваше дека во тој тим ќе биде и Дирк Новицки, меѓутоа неговиот портпарол го демантираше тоа.

Сепак, во тимот на соработници би требало да биде Римантас Каукенас, некогашен познат литвански кошаркар.

Кремона поседува лиценца за Серија А, а секој тим кој би се натпреварувал во НБА Европа мора истовремено да игра и во првата лига на домашното првенство.

Со таа лиценца, Дончиќ и партнерите би основале практично нова франшиза во Рим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит – клубот ја прекина соработката!

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повеќе не е дел од Зенит, откако рускиот к…